Давутоглу од утре во посета на Македонија

Давутоглу премиер на Турција до 22 мај
Давутоглу премиер на Турција до 22 мај

Поранешниот премиер на Република Турција и пратеник од Конја, Амет Давутоглу во периодот од 26-ти до 29-ти септември, ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

Во рамки на посетата, Давутоглу ќе оствари средба со претседателот, Ѓорѓе Иванов и со премиерот на Зоран Заев.

Покрај официјалните средби со македонскиот политички врв, Давутоглу ќе биде клучен говорник на панел дискусија со тема: „Перцепцијата на Република Турција во Република Македонија“ организиранa од Здружението на дипломирани студенти од Турција.

На најавениот панел, чија тема ја обработува интензивната повеќедецениска соработка меѓу Турција и Македонија ќе говорат Илија Димовски, координатор на Прва пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, Муедин Ристеми, поранешен амбасадор на Република Македонија во Република Турција, Есер Џевахир, член на управниот одбор на „Џевахир Холдинг”, Стево Пендаровски – пратеник, вонреден професор на Универзитетот Американ колеџ Скопје.4

Форумот е закажан за 28-ми септември, четврток, во Хотел Мериот Скопје во 20:30 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.