Давутоглу: Руските санкции нема да ја турнат Турција на колена

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска изјави дека државата невозможно е да биде на колена со економски санкции.

– Тие што мислат дека може да ја турнат Турција на колена со економски санкции, грешат, нагласи тој говорејќи на дипломатската академија во Баку, пренесува МИА.

Говорот на Давутоглу беше директно пренесуван на Турската телевизија.

Давутоглу додаде дека Анкара нема да се извини за тоа што ги „бранила своите граници“. За првпат наведе дека Анкара „морално не може да дозволи“ авион да го нарушува воздушниот простор на државата пред бомбардирање област каде живеат Туркмени во Сирија.