недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

Давутоглу: Се надеваме на добар исход за Турција, мигрантите и ЕУ

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека гледа одредени потешкотии рамките на ЕУ во врска со исполнувањето на условите на договорот за мигрантите, но додаде дека се надева на позитивни резултати од денешниот разговор во Брисел, пренесува МИА, повикувајќи се на Танјуг.

ahmet davutoglu

Поврзани вести

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека гледа одредени потешкотии рамките на ЕУ  во врска со исполнувањето на условите на договорот за мигрантите, но додаде дека се надева на позитивни резултати од денешниот разговор во Брисел, пренесува МИА, повикувајќи се на Танјуг.

Давутоглу додаде дека сите треба да знаат дека нема да се прифати каков било договор кој Турција би ја претворил во „отворен затвор“ за мигранти.

Гледаме дека има некои потешкотии во рамките на ЕУ за исполнувањето на условите на турскиот предлог, нагласи Давутоглу пред новинарите во Анкара.

За тоа телефонски разговаравме со германската канцеларка Ангела Меркел минатата седмица, како и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск кога беше во Анкара, изјави Давутоглу синоќа, пред поаѓањето за Брисел.

Се надеваме на добар исход за Турција, мигрантите и ЕУ, нагласи турскиот премиер.

Лидерите на ЕУ се состанаа вчера во Брисел со цел да разговараат за договорот со Турција со кој ќе се ограничи приливот на мигранти и бегалци во Европа во замена за отстапките кон Анкара, додека денеска, на вториот ден на самитот ќе им се придружи и турскиот премиер Давутоглу.

Најчитани вести