Давутоглу: Сите странски фактори да ја напуштат Сирија

Министерот за надворешни работи на Турција, Ахмет Давутоглу, рекол дека сите странски фактори присутни во Сирија и ќе учествуваат во тамошните судири, треба да ја напуштат земјата.

„Силите кои што го поддржуваат режимот, странските сили присутни во Сирија, силите поврзани со Ал Каеда за нас претставуваат ризични фактори“, рекол шефот на турската дипломатија.

Тој нагласи дека постојат одредени психолошки притисоци кон Турција, бидејќи таа земја е во онаа група кои што на одреден начин даваат поддршка на одлуките на Сирија.