Турција: Сите жртви во експлозијата се странци

Давутоглу: Терористичките групи не треба да учествуваат во преговорите за Сирија
Давутоглу: Терористичките групи не треба да учествуваат во преговорите за Сирија

Исламска држава стои зад денешниот самоубиствен напад во Истанбул, во кој се убиени 10 лица, сите странци, изјави денеска турскиот премиер, Ахмет Давутоглу.

Според турскиот премиер, извршител на атентатот е странски државјанин, член на Исламска држава.

– Независно од каде доаѓа тероризмот оној кој изврушва терористички напад извршува злосторство против човештвото, изјави Давутоглу.

Премиерот уште посочи дека Турција е одлучна да се бори против воинствената група се дотогаш додека таа не престане да биде закана за земјата и светот, пренесуваат американските медиуми.

-Сите убиени во денешниот напад во нашата земја се странци. Овие наши гости за нас се мили и вредни. Тие дошле за да ја запознаат Турција, забележа Давутоглу.

Тој додаде дека во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, од каде потекнуваат повеќето од убиените, тој и ги пренел изразите на жалење и сочуство.

-Овој напад нема да влијае врз демократската ситуација во Турциа. Со него како цел беа земени не само лицата кои се наоѓаа на плоштадот, туку цела Турција, уште додаде турскиот премиер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.