Балкан

Давутоглу: Слободата на изразување не е слобода да навредуваш

Давутоглу: Слободата на изразување не е слобода да навредуваш

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска го искритикува францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ заради повторното објавување на карикатурата на пророкот Мохамед и притоа посочи дека слободата на изразување „не е слобода да навредуваш“, пренесe МИА, повикувајќи се на француските медиуми.

-Објавувањето на оваа карикатура е сериозна провокација….. Слободата на медиумите не значи слобода некого да навредуваш, изјави Давутоглу пред новинарите во Анкара, пред да замине за Брисел, каде денеска се наоѓа во официјална посета.

„Ние не можеме да ги прифатиме навредите против пророкот“, рече турскиот премиер.