Давутоглу: Турција нема вина за преместувањето на гробницата на Сулејман Шах од Сирија

Давутоглу: Дел од осомничените за нападот биле на боиштата во Сирија
Давутоглу: Дел од осомничените за нападот биле на боиштата во Сирија

Турција ги почитуваше „меѓународните права“ при испраќањето на армијата во Сирија во рамки на операцијата за евакуација на турски војници, што ја обезбедуваат гробницата на Сулејман Шах, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу, објави МИА.

Слободната сириска армија и сириската курдска Партија на демократскиот сојуз беа информирани за операцијата во текот на викендот, но Турција не побара помош од нив, изјави Давутоглу пред новинарите во Будимпешта.

На 21 февруари во текот на ноќта турската армија спроведе операција во Сирија за евакуирање на турски војници што ја обезбедуваат гробницата на Сулејман Шах, дедото на основачот на османлиската држава Осман Први. Одлуката на Турција е поради влошување на безбедносната состојба во регионот на гробницата, што се наоѓа под контрола на групата ИД.

Гробницата на Сулејман Шах се води како турска територија по потпишување на договор во 1921 година меѓу Франција, која тогаш ја окупира територијата, и Турција.