сабота, 24 декември 2016  |  Вести денес: 0

Де Агостино: Најдобро е Меси да го прескокне Ел Класико

Главниот доктор на аргентинската фудбалска репрезентација Омеро де Агостино смета дека Лионел Меси не треба да игра на претстојното Ел Класико што се игра на 21 ноември во Мадрид.

Де Агостино: Најдобро е Меси да го прескокне Ел Класико

Де Агостино: Најдобро е Меси да го прескокне Ел Класико

Поврзани вести

Напаѓачот на Барселона има повреда на лигаментите на коленото, а неговото лекување трае околу 40-тина дена.

Сите во клубот се надеваат дека Меси ќе биде подготвен за т.н. “празник на фудбалот” во Шпанија, особено што Аргентинецот веќе трча и обработува полесни тренинзи со топка.

Сепак, за Де Агостино, подобро е да не игра.

Огромна е можноста за обновување на повредата ако Меси игра во Ел Класико. Мислам дека се уште не е подготвен за тоа, а и подобро за него да не биде. На таков натпревар, тренерот Луис Енрике не може да се потпре на рековалесцент, изјави Де Агостино.

Како последица од повредата, Меси не играше за аргентинската репрезентација минатиот месец на стартот од квалификациите за Светското првенство, а нема да биде во тимот ниту за големото дерби против Бразил кое се игра утре вечер.

Најчитани вести