Спорт

Де Бруин достапен за 15 мил. евра

Де Бруин достапен за 15 мил. евра

За време на последниот состанок, клупските челници на лондонскиот премиерлигаш Челзи донеле одлука дека младиот белгиски интернационалец, Кевин де Бруин, ќе биде продаден за време на зимскиот преоден рок.

Одличниот играч за врска, кој може да игра и на крилните позиции ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе го исплати побараното обештетување од 15 мил. евра.

Поранешниот фудбалер на Генк веќе подолг временски период важи за голема желба на Јувентус, Севилја, Борусија од Дортмунд, Шалке, Вердер од Бремен и Баер од Леверкузен.