Де Бруин: Имаме се за највисок пласман

Белгискиот фудбалер од средниот ред, Кевин де Бруин смета дека неговиот тим е подготвен за највисок досег на Светското првенство. Белгија го победи Бразил во четвртфиналето и гго испрати дома еден од главните фаворити за освојување на Мундијалот.

Знаеме дека нашите навивачи очекуваат многу од нас. Имаме единствена атмосфера во тимот, а класата на играчи и новиот тренерски тим ни дозволуваат да се бориме за највисоките места, рече Де Бруин.

Одличниот организатор на играта не сака еуфоријата да ги запре „црвените ѓаволи“.

Не сакаме да зборуваме за борбата за триумф на Светското првенство, ќе се обидеме да одиме од меч во меч и да ја избегнеме еуфоријата. Факт е дека сакаме да го добиеме секој натпревар и да постигнеме максимално можен резултат, изјави фудбалерот на „Манчестер Сити“.

Полуфиналниот напревар помеѓу Белгија и Франција ќе се одржи во вторникот во 20 часот во Санкт Петербург.