Де Бур го одбра Тотенхем пред Барселона

Актуелниот тренер на старо-новиот шампион на Холандија, тимот на Ајакс, Франк де Бур откри дека повеќе му се допаѓа идеата да биде менаџер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, отколку тренер на каталонскиот гигант Барселона.

„Никогаш не сум разговарал со челниците на италијанскиот калчолигаш Интер. Мене повеќе ми се допаќа авантурата во англиската Премиер лига, шпанската Примера дивизион или во германската Бундес лига. Во Италија се игра премногу дефанзивно. Нема да се преселам на “Ноу Камп” за време на летниот преоден рок. Тешко е да се биде тренер на Барселона. Што ново ќе ги научам фудбалерите од калибарот на Меси и Ињеста? Челниците на Тотенхем веќе остварија контакт со тие на Ајакс. Мислам дека се задоволни од ефектот на актуелниот менаџер Тим Шервуд, но нормално е да имаат и некоја алтернатива. Во минатото имав понуда од Ливерпул, но останав во Амстердам. Јас ќе ја разгледам секоја интересна и амбициозна понуда”, изјави холандскиот стручњак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.