Де Јонг: Балотели е како Ферари

Холандскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, Најџел де Јонг, на најоригинален начин го дефинираше контроверзниот напаѓач на седумкратниот европски клупски шампион, Марио Балотели.

„Како ќе го дефинирам Марио Балотели? Како нешто што е многу моќно но и непредвидливо. Неговата природа ме натера да го дефинирам како моќен спортски автомобил. Според мене, Балотели може да се спореди со Ферари. Многу моќен автомобил, но истовремено и непредвидлив”, изјави одличниот играч за врска.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.