Де Лаурентис: Смешни 20 милиони евра за Инсиње

Контроверзниот претседател на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис откри дека убаво го насмеала информацијата дека лондонскиот премиерлигаш Арсенал подготвува понуда од 20 мил. евра за репрезентативецот на Италија, Лоренцо Инсиње.

– Арсенал ќе понуди 20 мил. евра за услугите на Инсиње? Многу смешна информација, убаво ме насмеа оваа информација. Инсиње нема да биде продаден за време на летниот преоден рок. Јас, од Инсиње ќе направам фудбалер кој ќе вреди 60-70 мил. евра. Исто така, сакам да кажам дека ние не сме заинтересирани за услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на Тотенхем, Ерик Ламела. Таа информација е дело на неговиот агент. Го сакав Ламела пред една година, но Рома ги понуди услугите на Пабло Освалдо. Сандро од Тотенхем? Да, може да се каже дека е на нашата мета, но Наполи е заинтересиран за неколку фудбалери”, изјави Де Лаурентис.