Де Мезиер предлага воведување официјални муслимански празници во Германија

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезие ги разлути во саботата колегите во владејачката Христијанско-демократска унија (CDU) предложувајќи Германија да воведе службени муслимански празници.

Од речиси осумдесет милионското население на Германија, околу 4,5 милиони се муслимани, од кои најголемиот дел се од турско потекло. Многу од повеќе од милион имигранти коишто во Германија пристигнаа во 2015 и 2016 година од земјите од Блискиот исток и од северна Африка, исто така, се муслимани.

Во говорот во рамките на кампањата за изборите во северната сојузна земја Долна Саксонија коишто се одржуваат во недела, Де Мезиер, кој е член на CDU, изјави дека е отворен за идејата некои региони во Германија да имаат службени муслимански празници. Наведувајќи како пример дека Сите свети празник во католичките делови од земјата, рече „Во местата каде што има многу муслимани, зошто не би можеле да размислиме за воведување службени муслимански празници“.

Во говорот чиј аудио запис е објавен на локалниот портал egionalwolfsburg.de, исто така, вели дека германските службени празници се главно христијански, како и дека такви треба и да останат.

Неговите партиски колеги, коишто следната седмица би требало да ги започнат преговорите со либералите и зелените за формирање коалициска влада, не беа одушевени со изјавата на де Мезиер.

Влијателниот партиски функционер на CDU, Волфганг Босбах изјави за електронското издание на магазинот Bild дека секој во Германија може да го слави секој празник како што ќе посака, но и додаде „Дали треба државата, исто така, во иднина да ги штити нехристијанските празници преку законски пат сосема е друго прашање“.

Алексадер Донринд, висок член на сестринската Христијанско-социјална унија (CSU) кој дејствува на локално ниво во сојузната покраина Баварија којашто е доминантно католичка за разлика од останатиот дел на Германија каде што преовладува протестантизмот, исто така, за Bild вели дека за германското христијанско наследство не може да се преговара, додавајќи „Нема да го разгледаме воведувањето на официјални муслимански празници во Германија“.

Портпаролката на германското министерство за внатрешни работи изјави дека де Мезиер смета дека германските службени празници се христијански и дека „немаат никакви други корени“. Според германскиот устав, сојузните земји (покраини) одлучуваат за официјалните празници, па сојузниот министер за внатрешни работи нема влијание на тоа дали треба да се воведат службени муслимански празници, додала.

Притоа истакнала дека северните градови коишто го имаат статусот на сојузни држави Хамбург и Бремен склучиле спогодби со некои муслимански организации за нивните ученици и работници да можат да добијат слободни денови за време на важните муслимански празници, а истото го сториле и некои други сојузни покраини.