Де Ниро прекина интервју поради навреди

Де Ниро прекина интервју поради навреди
Де Ниро прекина интервју поради навреди

Американскиот актер Роберт Де Ниро, нагло прекинал интервју за „Радио Тајмс“ и излегол од студиото, велејќи дека го разбесниле „негативните инсинуации“ на новинарката Ема Брокс.

Како што пренесува лондонскиот Гардијан, легендарниот актер дошол на интервју во рамка на промоцијата на својот најнов филм, комедија „The Intern”, во кој му реплицира Ен Хатавеј.

Новинарката навела дека Де Ниро во еден момент и наредил да го прекине снимањето, потоа станал од столче и истрчал од студиото „како луд“.

Актерот познат по реченицата „Мене ми се обраќаш?“ и филмот „Бесен бик“, демонстрирал како тоа изгледа кога Де Ниро ќе се налути. По се изгледа дека го разлутила констатацијата на новинарката дека њујоршкиот кварт Трајбек, во кој се одржува истоимениот филмски фестивал основан во 2002 година, денеска е  запоседнат со банкари, но и прашањето како му успева сите овие годин да избегнува да глуми „по автоматизам“.

Новинарката зачудено го прашала: „Што ви пречеше во интервјуто? Делот за банкарите?“
Де Ниро одговорил: „Целото интервју. Негативните инсинуации“ .

Брокс, која на крајот признала дека „изгубила контрола над себе“, и заклучила дека „непријателската“ реакција на Де Ниро, веројатно била последица н неговиот замор и заситеност со интервјуа.