Де Роси: Балотели е лик од албумот на Панини

Искусниот играч за врска, Даниеле де Роси, вината за непријтната елиминација на Италија во групната фаза, ја лоцираше кај репрезентативниот колега, Марио Балотели.

Видно изнервиран поради минималниот пораз од Уругвај, Де Роси за италијанските медиуми изјави дека репрезентацијата има потреба од вистински фудбалери, од вистински човек, а не Панини сликички или ликови.

“Би требале добро да запаметиме што тргна наопаку и повторно да почнеме од почеток, но со вистински луѓе. Ни треба вистински човек, а не Панини сликички или ликови. Тие работи не се од корист за репрезентацијата”, изјави фудбалерот на Рома.

Пред стартот на Мундијалот во Бразил, контроверзниот напаѓач на Милан објави фотографија од албумот Панини, но на местото резервирано за селекцијата на Италија, Балотели наместо останатите играчи, залепил сликички со неговиот лик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.