Де Роси го сака Меси или Роналдо за противник

Одличниот играч за врска од редовите на Рома, Даниеле Де Роси, откри дека би немал ништо против доколку репрезентацијата на Италија на престојниот Мундијал во Бразил одигра елиминациски натпревар против селекцијата на Португалија или Аргентина, но и додаде дека за противник најмалку го посакува актуелниот светски и европски клупски шампион, репрезентацијата на Шпанија.

“Никогаш не сум се соочил со Кристијано Роналдо и Лионел Меси, односно со Португалија и Аргентина на едно Светско првенство. Можеби ќе имам шанса да им се спротиставам на овие “чудовишта” токму оваа година, ако тоа се случи уште сега можам да кажам дека без страв ќе влеземе во тие дуели. Иниеста и Чави кои се најдобриот двоец против кој некогаш сум играл, стилот на игра на Шпанците не ни одговара и се надевам дека ќе ги избгнеме на ова светско првенство“, изјави Де Роси.