Де Шиљо заинтересиран за трансфер на Сантијаго Бернабеу

Најголемиот талент во дресот на италијанскиот калчо гигант Милан, Матиа де Шиљо ги разочара најверните фанови на седумкратниот европски клупски шампион со изјавата дека е можно да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

„Нормално дека ми годи интересот на поголемите клубови, дека ми е убаво кога ќе слушнам дека сум желба на шпанскиот гигант Реал (М). Ако некој од Милан ме праша дали би прифатил трансфер поради некоја економска причина, за да му помогнам на клубот, тогаш сигурно ќе ги разгледам сите понуди кои ќе пристигнат на мојата адреса. Во фудбалскиот свет нема ништо сигурно, не знам што може да ми се случи веќе следниот ден. Јас сакам да бидам дел од Милан, но од еден Милан кој ќе биде далеку поконкурентен во блиската иднина”, изјави репрезентативецот на Италија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.