Де Вриј веќе е купен од Манчестер Јунајтед

Близок извор до таборот на холандскиот прволигаш Феенорд, откри дека централниот дефанзивец, Стефан де Вриј веднаш откако ќе заврши Мундијалот во Бразил и официјално ќе биде претставен како најнова милионска аквизиција на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед.

„Договорени се сите детали, двата клуба најдоа заеднички јазик околу обешетувањето на 22-годишниот дефанзивец. Де Вриј ќе биде продаден на Манчестер Јунајтед за 7 мил. фунти. Најголем удел во реализиацијата на овој трансфер има новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал кој е голем фан на фудбалерот на Феенорд”, изјави анонимниот извор.