Деактивирана бомба во трговски центар во Истанбул

Бомба беше откриена денеска пред трговски центaр во Истанбул. Експлозивната направа била деактивирана.

Сомнителниот пакет бил оставен во трговски центар во квартот Башакшехир. Полицијата по повик од случајни минувачи открила дека во пакетот има експлозивна направа која подоцна била деактивирана, објави Хуриет дејли њуз.

Во Истанбул вчера бил спречен друг обид за напад во трговски центар.

Во заедничка акција на турската полиција и на Националната разузнавачка агенција МИТ, бил спречен обид за бомбашки напад во истанбулски трговски центар.

Двајцата осомничени напаѓачи биле уапсени во момент кога се подготвувале за ивршување на нападот. Претходно тие биле следени од полицијата.

При апсењето е пронајден експлозив.