Дебакл на Кирацовски при посетата на Домот за доенчиња Битола

Повикувајќи се анонимни претставки без докази и поткритие, за наводни злоупотреби и притисоци дополнителниот заменик министер за информатичко општество, Александар Кирацовски од редовите на СДСМ секојдневно упаѓа во институциите на кратки посети кои ги користи за фотографирање и ловење политички поени. Оваа тактика особено добива на интензитет после откривањето на скандалот во Куманово од пред неколку дена во кој невладини организации под капа СДСМ вршеле поткуп за гласови кај ромски семејства со делење на дрва. 

Александар Кирацовски од СДСМ интензивно пред изборите шири обвинувања против институциите за наводни притисоци и злоупотреби од страна на директори и вработени. Дополнителниот заменик министер се повикува на т.н анонимни претставки кои, според наши сознанија, се поднесуваат организирано и координирано од СДСМ. Целта е да се оцрнат што повеќе установи и да се нанесе црна дамка на изборниот процес а Кирацовски да се прикаже како заштитник на законите.
 
Денеска Кирацовски бил во посета на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца од Битола со низа конструирани обвиненија дека директорката на Домот ги приморувала вработените да присуствуваат на партиски митинзи. 
 
Во врска со ова ја контактиравме директорката Наташа Младеновска Лазаревска која ни изјави дека посетата траела нецели 10 минути и дека тие обвинувања  се манипулација и дека се без основа поради природата на работата во Домот за која очигледно Кирацовски не ја познава. Младеновска истакна дека токму кадарот на СДСМ поранешната в.д директорка на установата е вклучена во такви активности во установата. 
 
На прашањата кои се обидела да ги  постави директорката дали дополнителниот заменик министер исто постапува кога станува збор за злоупотреба на вработените во ЈП Паркинзи од општина Центар за партиски активности во работно време и што превзема за злоупотреба на вработени од општина Струмица за снимање на спотови, Кирацовски одбил да одговори и заминал да даде изјава пред новинарските екипи. 
 
Во друг случај, Aлександар Кирацовски досега воопшто нема постапено по бројните претставки против техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски и лица од нејзиниот кабинет за притисоците кои ги прават врз корисници на права од социјалната заштита за да гласаат за СДСМ со ветувања дека ќе им се реши предметот позитивно по жалба по второстепена постапка. Инаку токму деновиве се актуелни информациите дека СДСМ врши поткуп со ветувања на гласачи од ромска националност во Куманово користејќи повеќе невладини организации.