Дебакл на МЗТ и кај Мега

Кошаркарите на МЗТ Скопје доживеаа тежок пораз од Мега Бемакс од 77:106 (16:30, 19:30, 24:21 и 18:25) во последниот меч од 18-то коло во регионалната АБА лига, со што се зацврстува на дното од табелата.

Крајниот резулт доволно зборува за текот мечот во салата „Пинки“, во кој домаќините целосно го надиграа македонскиот претставник и ја запишаа шестата сезонска победа. Веќе во првиот дел Мега постигна 60 поени и побегна на 25 кошови разлика (35:60), додека, пак, вториот дел не донесе никави промени и беа потврдени новите два бода за клубот од Сремска Митровица.

Во тој период се чини клучна беше 17 минута кога Мега Бемакс побегна на плус 35 поени (58:23).

Чанчар со 22 поени ја предводеше листата на стрелци кај победниците, додека пак за МЗТ центарот Лалиќ уфрли 14 кошови, а плејмејкерот Мавра имаше 13 поени со 9 асистенции.

Следната рунда за МЗТ носи пресметка со Олимпија на домашен терен.