Дебакл на штрајкот на СОНК и покрај притисоците од Синдикатот и од СДСМ

Штрајкот во образованието во организација на СОНК, на чие чело е Јаким Неделков, денеска доживеа вистински дебакл.

И покрај сините притисоци, како од СОНК, така и од СДСМ, во најголемиот дел од училиштата и градинките во земјава, штрајк нема. Исклучок се само градовите Струмица и Куманово, каде локалната власт е во рацете на опозицискиот СДСМ.

Во Охрид, во 13 училишта има 734 вработени, а штрајкуваат само двајца наставници.

Во Прилеп, во 16 училишта има 1002 вработени, и ниту еден не штрајкува.

Во Штип има 11 училишта со 762 вработени, од кои седуммина почнале со штрајк, но за кусо време се откажале.

Во Битола во 19 училишта има 1.397 вработени, од кои околу 50 штрајкуваат .

Во Кавадарци во 10 училишта, во кои има 591 вработени, не штрајкува ниту еден.

Во Валандово, каде има три училишта со 276 вработени, штрајкува само едно лице.

Штрајк воопшто нема во општините, Кривогаштани, Крива Паланка, Желино, Дојран, Демир Хисар, Крушево, Липково, Пласница, Врапчиште, Берово, Пробиштип, Босилово, Василево, Новаци, Демир Капија, Сопиште и Дебар.

Во речиси сите општини наставата се одвива редовно.

Според информациите од теренот, штрајкот на наставниците се одржува само во Куманово и Струмица, каде што најголем дел од штрајкувачите се присутни на работното место но не држат часови. Според законот доколку ваквата ситуација се одржи, за да се овозмози редовна настава и заштита на интересот на учениците, можат да се воведат заменски наставници. Според информациите листите со заменски наставници се спремни и тие се подготвени за да бидат воведени во наставата доколку има потреба.

Ваквиот развој на настаните и пропаѓањето на најавуваниот штрајк е фијаско за Јаким Неделков. На овој начин дополнително се нарушува неговиот кредибилитет во СОНК бидејки неговиот пристап не даде резултати. Членови на СОНК од цела Македонија изминативе денови истакнаа дека не го подржуваат штрајкот и дека тоа е лична агенда на Неделков во пресрет на изборите во СОНК од која немаат интерес наставниците ни учениците и родителите.