Дебалцево: Убиени 13 украински војници

Најмалку 90 украински војници се заробени, а 82 се водат како исчезнати во Дебалцево, соопшти украинската армија.

Украинското Министерство за одбрана наведе дека 13 украински војници се убиени при вчерашното повлекување на армијата од стратешкиот источноукраински град. Додека 157 украински војници се повредени.

Украинската армија посочи дека мобилизирала „одредени сили“ за да ги пронајдат исчезнатите војници, а за тоа побарале и помош од Органзиацијата за безбедност и соработка во Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.