Дебар: 14-годишно девојче жртва на педофил

Полицијата поднесе кривична пријава против дебарчанец за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години потврдија од МВР, објави Канал 5.

За повеќе инфромации од МВР упатија на обвинителството. Од таму за телевизијата само потврдуваат дека осомничениот не е во роднинска врска со девојчето но што точно се случило каде и кога детали не се откриваат.

-Од обвинителството велат дека дебарчанецот е приведен и со него е извршен разговор во присуство на адвокат. Првично му бил определен краткотраен притвор од 48 часа од страна на судија на претходна постапка од гостиварскиот основен суд. Дали ќе биде продолжен притворот ке се знае најдоцна до утре, објави Канал 5.

Инаку, девојчето жртва било сослушано во присуство на психолог од центарот за социјални работи, а она што тоа го кажало за траумите што ги проживеало е клучно во понатамошната постапка.