Дебар и Жупа добија вода

Дебар и Жупа добија вода
Дебар и Жупа добија вода

Специјални екипи за санирање на дефектот на главниот цевковод на водоводот Росоки – Дебар по цели 30 часови го отстранија дефектот и Дебар доби вода за пиење, јавува дописникот на Макфакс од Дебар.

Техничкиот директор на ЈКП „Стандард“, Фатмир Алили изјави дека дефектот се случил на најниската кота на водоводот кај Мелнички мост, при што бил пукнат челичниот цевковод, а во резервоарот во Дебар не дотекувала водата.

Со поддршка на општина Дебар две фирми успеаја да го санираат дефектот, така што сега градот има вода.  Инаку во четвртокот во Дебар поради недостиг на вода во училиштата наставата се реализираше со скратени часови, а проблеми имаа сите граѓани.

Градоначалникот на Дебар, Ружди Лата  побара од населението да бидат коректни во наплатата на сметките за водоснабдување кон „Стандард“ бидејќи  водоводот кој е изграден во 1986 година бара и одржување. Моментално на ЈКП „Станрард’  дебрани и некои фирми во градот му должат над 1, 7 милиони евра.