Дебар: Од куќа украдени речиси 20. 000 евра и златен накит

Украдени се 19.700 евра и златен накит од куќа во Дебар, сопственост на Б.И. (48).

Според Министерството за внатрешни работи, кражбата е пријавена вчера во Полициската станица „Дебар“.

Пријавено е дека во периодот од јануари до април годинава непознат сторител со прекачување и насилно отворање прозорец влегол во куќата од каде одзел 19.700 евра и златен накит. Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.