Македонија,Крими хроника

Дебарчанец градел деловен објект на државно земјиште

Дебарчанец градел деловен објект на државно земјиште
Стружанец доби кривична за убиство во обид

ПС Дебар поднесе кривична пријава против Б.П.(61) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности“.

Пријавениот во периодот од 2007 до 2011 година, на улицата „8 септември“ во Дебар узурпирал 24 м² недвижен имот – земјиште од катастарска парцела бр. 7927 за КО Дебар-2 сопственост на Република Македонија. Тоа го направил со намера за владение на недвижниот државен имот и со цел да го употреби за градба на деловен објект. Бесправно изградениот деловен објект на узурпираниот имот, пријавениот потоа го припоил кон сопствениот објект што се наоѓа на катарстарската парцела број 7926 за КО-Дебар 2.

Узурпирајќи го недвижниот имот, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во површина од 24 метри квадратни а на штета на Република Македонија.