Дебармаалски средби во пресрет на Св.Трифун

Св.Трифун

Низ дебармалските улици денеска стартуваат познатите серенади: закројување на лозница на ул. „Коле Неделковски“ бр. 5/1 во 11:30 часот, поетско – музички перформанс кај Жабарот во 12 часот, пуштање порака за мир во водите на реаката Вардар, во 18 часот пеш со песни и серенади движење по улиците „Костурски херои“, „Дебарца“ и по Боемската улица…

Активностите продолжуваат и утре со хуманитарна вечер по повод љубовта и виното, манифестирајќи поддршка, хуманост, одговорност, љубов и човечка добрина.