Дебарска фирма незаконски ископувала руда

Правниот субјект „Дукас компани-Миче“ ДООЕЛ Дебар доби кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „незаконите експлоатација на минерални суровини“.

Кривична пријава е поднесена и против педесет и деветгодишниот Е.Д. од Дебар, сопственик и управител во правниот субјект.

Пријавените, во текот на јули оваа година, извршиле незаконска експлоатација на минерални суровини односно бесправен ископ на песок од речното корито на реката Радика.Тие, во близина на дебарското село Косоврасти, ивршиле ископ на 06 м³ песок од речното корито на Радика, а потоа и продажба на ископаната количина. Тоа го направиле иако со решение  донесено од Државниот инспекторат за животна средина-Скопје, од 15.10.2014 година, имале забрана  да вршат ископ и продажба на песок.

Од продажбата на бесправно ископаниот песок, пријавените се стекнале со противправна имотна корист во износ од 6.000,оо денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.