недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

Дебарската подружница на „Македонски шуми“ ќе пошуми 20 хектари

Врз основа на зацртаните програмски активности, на подрачјата каде се врши сеча на огревно дрво, дебарската подружница „Стогово“ на ЈП „Македонски шуми“ годинава ќе пошуми 20 хектари во општините Дебар и Центар Жупа.

133243048

Поврзани вести

Перманентна наша грижа е обновувањето на шумскиот фонд. И годинава планираме да пошумите 20 хектари површина со четинари, главно црн и бел бор и ела или во бројки околу 40 илјади садици, рече  Рами Љата, раководител на Подружницата.

Тој додава дека и годинава ќе се вклучат во традиционалната акција „Денот на дрвото – засади ја својата иднина“, во која во просек се засадуаат по 20 илјади садници на ерозивни и опожарени терени.

Минатата година, во рамки на редовните активности за пошумување и споменатата акција, на подрачјето на двете општини засадени се 43 илјади садници на црн и бел бор, ела, како и чемпрес, истакна Љата.

Задоволен е што во акциите освен вработените во Подружницата се вклучуваат и граѓани и ученици.

Секако, посочува тој, и податокот дека поради честите контроли и превентивните мерки, речиси на минимум се сведени случаите на кражби на огревно дрво и опожарување на шумите.

Најчитани вести