четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 53

Дебарско езеро порибено со 50.000 парчиња пастрмка

Дебарско езеро денеска е порибено со 50.000 парчиња подмладок речна пастрмка. Порибувањето се врши согласно договорот на Репроцентарот на земјоделската задруга „Охридска риба“ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

debarsko-ez-pastrmka

Последни вести

Дебарско езеро денеска е порибено со 50.000 парчиња подмладок речна пастрмка. Порибувањето се врши согласно договорот на Репроцентарот на земјоделската задруга „Охридска риба“ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Процесот го следеа директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски, како и претставници од Подрачната единица на МЗШВ и од други надлежни инситуции.

Порибувањето е во рамки на план-програмата за збогатување на рибниот фонд во езерата во Македонија за што се предвидени 14 милиони денари. За денешното порибување се издвоени 200 илјади денари, а парчињата речна пастрмка се од 5 до 15 грама. И во иднина наш приоритет ќе биде заштита и збогатување на рибниот фонд, изјави Трипуновски.

Според него, надлежните инспекциски служби редовно вршат контрола за заштита на рибниот фонд, како резултат на што е намалено нелегалното ловење риба на сите ревири во земјата.

Паралелно, додаде Трипуновски, се врши контрола на обврските на концесионерите, како во однос на порибувањето, така и во однос на заштитата и почитувањето на критериумите за количината на уловена риба.

Помладокот на речната пастрмка во езерските води ги пушти концесионерот на езерото Пепи Винца. Присуствуваа и претставници на спортското риболовно друштво „Трофта“ од Дебар.

„Охридска риба“ со 30.000 парчиња подмладок автохтона пастрмка, го пориби езерото на почетокот на април.

Најчитани вести