Дебата „Прогласување на Шар Планина за национален парк“

Во рамки на проектот „Мобилен парламент денеска во Тетово ќе се одржи дебата на тема „Прогласување на Шар Планина за национален парк“, во организација на граѓанската асоцијација МОСТ.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија дебатата е со почеток во 13:30 часот во ресторан Тетекс АРМ во Тетово.

На дебатата ќе присуствуваат претставници од невладиниот сектор и од министерството за животна средина и просторно планирање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.