петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 0

Дебата: Проширувањето на ЕУ забавено, но нема алтернатива

debata-eu

Последни вести

Процесот на проширување на ЕУ не е мртов, но е во многу лоша форма заради фактот дека Унијата минува низ многу други тешки кризи. Сепак, тој нема алтернатива, беше истакнато на денешната дебата организирана од Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) на тема „ЕУ перспективите на земјите на Балканот“ со поранешни дипломати и експерти од ЕУ за Балканот, пренесува МИА.

Стефан Лене поранешен дипломат и експерт за Балканот оцени дека процесот се одвива забавено и потребна е понаков тип на ангажман.

Идниот четврток имаме референдум за евентуално излегување на Обединетото Кралство од ЕУ, ја имаме мигрантската криза која на некој начин ги раздвојува земјите ченки на ЕУ, се уште не сме надвор од еврокризата и се уште не постои вистинска конвергентност во однос на европската економија, а има и криза на прифаќањето од страна на населението. Во најголем дел од земјите на ЕУ го имате движењето на популизмот, некои од десницата, но и од левицата кои ја предизвикуваат европската идеја и на некој начин не им се допаѓа идејата на ЕУ. Ова се многукратни предизвици и ЕУ е преокупирана со овие предизвици и на некој начин има помалку време за регионот сега, вели Лене на дебата.

Со овие интерни проблеми и со надворешните предизвици од Сирија до Украина, сега, вели тој, проширувањето падна на самата агенда и не е толку многу важно како порано. Според него, доколку се земат сите овие работи предвид тогаш добро е што некои земји како Босна, Србија и Црна Гора забележуваат напредок и вложуваат напори на овој план. Причината за тоа е, вели, што регионот нема друга стратешка алтернатива освен ЕУ, но од струга страна, посочува, и Унијата нема друга алтернатива бидејќи има многу инвестирано во регионот.

Клучно е во наредните месеци кога проблемите ќе се смират, да се навратиме на стартегијата која беше водена од ЕК, а која не е задоволитетлна. Сега е потребен поинаков тип на ангажираност, а најдобро за да се пренесе ова е да кажеме дека процесот е жив. Тој можеби не се одвива најдобро како што сакаме, но никој не може да си дозволи да го напушти овој процес и никој нема кредибилна поинаква стратегија, рече Лене.

Во однос на бегалската криза, тој оцени дека таа придонесе да се стави повеќе акцент на регионот, но таа не е решена.

Начелно досието на овие земји во однос на менаџирање на повеќе од еден милион бегалци од 2015 година до сега е позитивно и тоа доведе земјите овде да ги гледаме појасно бидејќи направија многу добра работа. Но она што е многу јасно е дека проблемот не е завршен … и ова е прв пат ЕУ наместо на увезува извезува нестабилност во регионот, нагласува Лене.

Австрискиот дипломат и поранешен специјален пратеник на ЕУ за Косово и висок претставник на ОН за БиХ, Волфганг Петрич, исто така се согласи дека во услови на најтешка криза со која се соочува ЕУ од создавањето, процесот на проширување е забавен и дека тој нема алтернатива, но акцентот го стави на одговорноста на секоја од земјите во регионот во однос на испорачување на реформите.

Прашањето на проширување е прашање на консолидација на Европа и затоа тоа е важно да биде во фокусот на нашите активности. Земјите овде, владите, граѓанското општество, деловната заедница се должни да ја завршат својата домашна задача, а потоа ЕУ и луѓето и граѓаните од ЕУ ќе бидат помотивирани за да го завршат својот дел од задачата. Тоа ќе биде активно партнерство, вели Петрич.

Тој и со став дека за поместување на процесот важно е владите во регионот да се фокусираат на вистинските прашања, а не на неважни теми, за да содадат притисок врз Унијата.

Запрашан за политичката криза во Македонија, Лене посочи дека веќе помина една година од Пржинскиот договор и наместо излез од кризата, вели, сега сме на средината на кризата, но тој останува единствениот валиден пат за излез од неа.

Главните пораки кои треба да ги испратиме се спроведување на Пржинскиот договор со голем акцент ставен врз реформите предвидени во извештајот на Прибе. Некои чекори се преземни во таа насока меѓутоа недоволно веродостојни и кредибилни и недоволно важни реформски чекори. Многу важно е СЈО да ја работи својата работа без какви било притисоци, а изборите ќе треба соодветно да бидат подготвени. Постојат разговири меѓу страните, одреден напредок е постигнат, но потребна е нова демократска легитимизација на процесот со цел оваа криза да може да ја надминете, вели Лене.

Според Тим Џуда, новинар на британски „Економист“, проширувањето уште долги нема да биде на врвот на агедната на ЕУ без оглед каков ќе биде исходот од референдумот во Велика Британија, оти на Унијата и претстојат внатрешни реформи.

Најчитани вести