Македонија

Дебата „Справување со минатото – историја и политика“ во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите

Дебата „Справување со минатото – историја и политика“ во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, утре ќе се одржи дебата на тема „Справување со минатото – историја и политика“, во организација на Тренинг центарот за менаџмент со конфликти и Форумот ЗДФ.

На дебатата се поканети да учествуваат историчари и претставници од Институтот за национална историја, Здружението на историчарите на РМ, Институтот за историја при Филозофксиот факултет, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.