Дебата за еднаквите можности меѓу мажите и жените

Прашањето за еднаквите можности меѓу мажите и жените не е проблем само во Македонија, туку и во цела Европа. Потребни се решенија за да се подобри состојбата, беше истакнато на денешната трета дебата од циклусот ЕУ разговори што ги организира Секретаријатот за европски прашања.

На дебатата за еднаквоста меѓу мажите и жените и перспективите и предизвиците учествуваат претставници од собраниската Комисија за еднакви можности, универзитетски професори, од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за одбрана, ЗЕЛС, граѓанскиот сектор како и од Секретаријатот за европски прашања.

фотографија МИА

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.