Дебата за педофилијата: Соодветните казни се најдобрата превенција

Педофилите се едноставно непоправливи, тие се рецидивисти. Ако нема други мерки, по издржување на казната затвор, го повторуваат делото, изјави во „Аргументи“ на ТВ Нова директорот на првата детска амбасада „Меѓаши“, Драги Змијанац, во „Отвореното студио“ на ТВ Нова, во кое учествуваа и актерката Весна Петрушевска и психологот Мирјана Стојановска Јовановска

Според Змијанац, најдобра превенција се соодветни санкции за педофилите, високи казни и медикаментна терапија, или евентуално за тешко кривично дело „полов напад на дете на посебно брутален начин “ има мерка и доживотен затвор.

„Едноставно, тие додека се на слобода не можат да го контролираат нагонот и либидото. Тие се потенцијална опасност за секое дете“, рече Змијанац.

„Бранителите за човекови права не’ нападнаа и не’ навредуваа на јавен простор, еве ќе цитирам професорката во својот ФБ статус вели: ’Ние ќе си отвараме теми за разговор, ќе ги рушиме ѕидовите на незнаењето, ќе ги демистифицираме табу просторите и ќе си чекориме напред’,  цитираше актерката Весна Петрушевска во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

Петрушевска жестоко ѝ порача на Најчевска: „Недај боже твоето дете да биде силувано!“

„Пополека ќе одумрат или барем потполно ќе закржлават разноразните порталчиња кои се хранат на тињата на необразуваноста, конзервативизмот и неукоста. Важно е да не им обрнуваме внимание и да не паѓаме во стапицата на докажување ноторни факти, како тој дека во 21 век имаме право да имаме сопствено мислење и имаме право да го кажеме без за тоа да трпиме негативни последици. Ти имаш професорке право да си кажеш своето мислење, но недај боже тоа тебе да ти се случи, што правиме после?“, повторно Петрушевска го цитираше скандалозниот ФБ статус на професорката Мирјана Најчевска, која е поборник за човековите права од редовите на СДСМ и запраша Петрушевска.

Рече дека сите сега велат дека имаат право да си го кажат сопственото мислење, но актерката вели и дека има и сопствено право да реагира дека нечие сопствено мислење ја навредува и го загрозува нејзиното дете, како и правата на децата.

„И сега ти сакаш мене преку твојата колумна да ме убедиш дека ти не си имала таков ниет да ги повредиш децата и нивните права, туку дека си имала сосема друго за цел, а не ни знаеш ни самата што е за цел“, додаде Петрушевска.

Психологот Мирјана Стојановска Јовановска во дебатата на ТВ Нова рече дека казната не ги спречува педофилите да го повторат делото.

„Затворските казни не ги лечат или не прават ништо за да го променат пореметувањето на нагонот, кој што е многу специфичен. Имаме луѓе кои. исто така, имаат пореметени нагони па ги викаме дека се социопати. Ова е нешто специфично и многу болно, болно за оние што се жртви на сето тоа“, истакна Стојановска.

Според неа, затворот само ќе ги остави надвор од улицата и од присуствата на децата.

„Пореметувањето кај жртвата оди е од емиционално ниво, на когнитивно ниво, на однесување, на градење на личноста, на идентификување, на градење на партнерски односи, идентификување како член на тоа општество, градење на своја фамилија, воспитување на својата фамилија. Нема дел од животот каде што тоа не влијае и каде што не пореметува нешто, појаснува Стојановска, додавајќи дека тој човек или девојка која е жртва на педофилија ќе има скоро доживотна последица доколку не се третира, а како што вели, обично не се пријавува за да се третира“, додаде Стојановска Јовановска.

Социјалниот работник Крсте Миљановски на ова се надврза дека жртвите на педофилија обично завршуваат со тешки психијатриски заболувања, завршуваат со професии како проституцијата или извршуваат самоубиства.
Претходно во втроникот реагира и родители револтирани од односот на Министерството за труд и социјални политики, обивнувајќи дека нивното молчење значи одобрување и стимулирање на педофилијата.

Според нив, во најмала рака контроверзниот текст на Никола Шиндре, каде што тој ја оправдува и релативизира педофилијата и вели дека би требало “да ја сфатиме како нагон, наиде на остра реакција кај најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија. Од невладината организација „Здружение за здраво поколение“ побараа Министерството за труд и социјала да не молчи и да реагира за овој случај.

Шиндре во својот текст, пишува: „Детето тука не го третираат како сексуално суштество, тие секогаш се позагрижени тоа да не е силувано, да не е заведено, да не е малтретирано, да не е вклучено во детска порнографија. “ Релативизирање на педофилијата која остава трајни лузни врз детото, создава општество на морално искривена подлога.

Од здружението за здраво поколение, кое е составено од родители, велат дека требало веднаш да се реагира и овој текст да биде санкционирани согласно законите коишто владеат во Македонија.

„Како здружение за здраво поколение, невладина организација, згозени сме од изјавите и написите на една јавна личност за жал, која што излезе минатата недела на социјалните мрежи. Досега, иако тоа требаше веднаш да биде санкционирано и последиците да бидат сносени согласно законите кои што владеат во Република Македонија и секаде во светот, педофилијата е забранета со закон. Наша обврска и цел како здружение и како родители од другата страна е да ги заштитиме нашите деца“, изјави Ирена Мирчевска од здружението.

Тие бараат институциите да преземат мерки, бидејќи нивното молчење го разбираат како одобрување и стимулирање на таквите појави.

„Имено, изјавата која пропагира а и стимулира размислување во таа насока, за жал ја имаат само личности кои треба да бидат третирани од одредени институции, како што е Министерството за труд и социјална политика, а понатаму и други институции. Како родители сме загржиени, затоа што после една недела се уште немаме одговор од Министерството за труд и социјална политика, односно реакција од нивна страна, зошто нивното молчење значи одобрување и стимулирање на таквите појави, за уште повеќе да се разбудат тие болни мисли во главите на личностите кои што се закана за нашите деца. Таквото однесување, таквите изјави треба да бидат остро осудени и бараме реакција од надлежното министерство“, рече Мирчевска.

Велат дека се загрижени како родители сега во периодот кога нивните деца се по паркови и игралиштата, а регистарот за педофили кој што долги години фунцкионираше, веќе еден месец го нема.

„-Како родители сме особено загрижени во овој период од годината, кога нашите деца се по парковите, кога се по игралиштата, дали се безбедни и дали некој кој што порано бил регистриран во регистарот на педофили, кој што беше на веб страната на министерството. Еден месец веќе не функционира тој регистар, прашањето ни е зошто тој регистар е затворен, а функционираше толку долго време. Уште повеќе сме загрижени и револтирани како родители“, изјави Мирчевска.