Дебата за ризиците и заканите по безбедноста

Ризиците и заканите по безбедноста на Република Македонија и регионот се теми на денешната научна дебата што ќе се одржи во Скопје во организација на Факултетот за безбедност.

На дебатата ќе бидат презентирани разултатите од научно-истражувачкиот проект „Мислењето на граѓаните за безбедноста и безбедносните закани на Република Македонија“ што го реализираше тим на Факултетот.

Свои обраќања ќе имаат проф. д-р Цане Т. Мојаноски, проф. д-р Злате Димовски, доц. д-р Марјан Ѓуровски и доц. д-р Ице Илијевски, како и проф. д-р Зоран Кековиќ од Факултетот за безбедност од Белград и проф. д-р Томе Батковски од Факултетот за безбедност-Скопје, пренесува МИА.

Поканети да учествуваат на настанот се и претставници од државните институции кои се дел од безбедносниот систем на Република Македонија: МВР, Министерство за одбрана, МНР, Агенција за разузнавање, Сектор за воена безбедност и разузнавање на МОРМ, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Дирекција за спречување перење пари и финансирање на теоризам, Финансиска полиција и други. Покрај нив, учество ќе земат и  претставници на граѓанскиот сектор во земјата.

Безбедносната проценка претставува прв и основен чекор во планирање на безбедносните мерки и во поставување организациони структури кои треба да ја спроведат пропишаната безбедносна политика, наведуваат организаторите.