Дебата за стресот на работното место

Дебата за стресот на работното место ќе се одржи денеска како централен настан по повод Европската недела за безбедност и здравје при работа.

Над 44 проценти од македонските работници сметаат оти во следните пет години многу ќе се зголеми стресот при работа, покажуваат истражувањата спроведени во Македонија.

Стресот на работното место е појава која е се поприсутна во Европа. Според направените анализи, 51 процент од работниците во Европа сметаат дека стресот поврзан со работата е вообичаен на нивното работно место, а 4 од 10 работници мислат дека во нивната компанија не се справуваат успешно со оваа појава. Проценките се дека трошоците поврзани со пореметувањето на менталното здравје на работниците изнесуваат 240 милијарди евра годишно.

На настанот ќе присуствуваат претставници од Македонското здружение за заштита при работа, како и експерти од Холандија, Австрија, Норвешка и Бугарија.

Европската недела за безбедност и здравје при работа е настан на Европската агенција за безбедност и здравје при работа и се одбележува во сите земји членки и државите кандидати на Европската унија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.