Спорт

Дебуши веќе флертува со челниците на ПСЖ

Дебуши веќе флертува со челниците на ПСЖ

Стандардниот првотимец во дресот на англискиот премиерлигаш Њукасл, Матју Дебуши, призна дека би немал ништо против доколку за време на летниот преоден рок биде продаден на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ.

„Јас имам договор со Њукасл, и целосно сум фокусиран на мојот тим и на настапот на престојниот Мундијал во Бразил. Не знам се што може да се случи за време на летниот преоден рок, не знам што се ќе се случи откако ќе заврши Светското првенство во Бразил. Точно дека ми годи информацијата дека сум желба на раководните лица на ПСЖ. Голем клуб со голема и богата историја. Тешко дека постои таков фудбалер кој не би сакал да игра за актуелниот шампион на Франција”, изјави офанзивниот лев бек.