„Деца на сонцето“ конечно со скопска премиера

По долго очекување на нова премиера од домашната филмска продукција, конечно апетитите на публиката да погледне нов, свеж македонски филмски продукт, ќе бидат задоволени.

Среда, 01.10, 20.00 часот, кино Милениум, премиера на најновиот македонски филм „Деца на сонцето“, во режија на Антонио Митриќески, со плејада одлични актерски имиња Ивана Павлаковиќ, Владо Јовановски, Мето Јовановски, Билјана Таневска, Емир Хаџихафизбеговиќ, Милица Стојанова.

По премирата филмот ќе се најде на редовниот репертоар на кино Милениум во термините од 20.00 и 22.00 часот.

Покрај премиерата на „Деца на сонцето“, во сабота(04.10) како дел од годинашната манифестација Бела Ноќ би сакале да најавиме 24-часовен бесплатен филмски маратон во кино Милениум. Филмскиот маратон ќе стартува во 11.00 часот на 04.10, а ќе финишира во 11.00 часот на 05.10.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.