сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 10

Деца од семејства во социјален ризик на бесплатен одмор во Струга

струга

Последни вести

Во рекреативниот центар за деца и младинци „Мајски цвет” – Струга, започна летувањето на првата од вкупно осум групи деца опфатени во рамки на проектот за користење бесплатна услуга за одмор и рекреација. Оваа услуга ќе ја искористат околу 2.000 деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток, информира Министерството за труд и социјална политика.

– Услугата одмор и рекреација вклучува престој, активен одмор, социјализација на децата, воспитно-образовни, културно-забавни, спортско-рекреативни и други активности со децата за развивање на психомоторниот развој. Во текот на седумдневниот престој, програмата ќе ја реализираат воспитувачи по групи и друг стручен кадар (педагошки раководител/водич на смена, лекар, медицинска сестра, инструктори и др.) ангажирани од страна на правните субјекти во кои ќе се реализира проектот и волонтери од Црвениот крст на Република Македонија, соопшти МТСП.

Реализацијата на овој проект, се додава во соопштението, преку донација од свои производи ја помагаат компаниите Албиз фондација-Даути, Алкалоид, Пелистерка, Витаминка и Атлантик комерц.

Најчитани вести