Изградба на Центар за деца со интелектуална попреченост

Во Македонска Каменица почна градбата на Центар за деца со интелектуална попреченост во развојот.

Денес и официјално на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, кој воедно е и ден на општината и ден на македонските рудари, беше поставен камен – темелник на новиот објект.

Изградба на Центар за деца со интелектуална попреченост
Изградба на Центар за деца со интелектуална попреченост

На отпочнувањето на градежните работи се обрати министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој изрази задоволство што на овој голем празник се започнува еден проект што е во интерес на најранливата категорија дечиња со посебни потреби во Македонска Каменица.

Денеска свечено го означивме почетокот на изградбата на дневниот центар за деца со пречки во развојот, за сите дечиња од Македонска Каменица со капацитет од 60 до 80 дечиња. Од прилика од девет до 12 месеци очекуваме тука да има еден модерен, современ објект, изграден по сите најсовремени стандарди кој што ќе ги има сите потребни услови за згрижување на дечињата, рече Спасов.

Тој посочи дека досега дел од дечињата биле згрижувани во дневниот центар во Делчево, а сега, со изградбата на овој современ капацитет тие веќе нема да мора да патуваат.

Изградба на Центар за деца со интелектуална попреченост
Изградба на Центар за деца со интелектуална попреченост

Спасов појасни и дека во соработка со Општината ќе се продолжи со реализација на проекти во интерес на граѓаните и дека Министерство има интензивни инвестициски активности за отворање дневни центри за различен вид попреченост во голем број општини во државата.

Набрзо ќе биде отворен дневиот центар за деца со аутизам во Штип, дневниот центар за деца со оштетен вид во Велес, дневниот центар за деца со пречки во развојот во Валандово и Кочани, во Липково. И понатаму ќе продолжиме во општините каде што има потреба да создаваме вакви капацитети со цел и на родителите да им ги олесниме условите за живот, меѓутоа и да го подобриме животот на децата со пречки во развојот во Република Македонија, истакна Спасов.

Изградба на Центар за деца со интелектуална попреченост
Изградба на Центар за деца со интелектуална попреченост

Градоначалникот Митевски изјави дека денешниот камен темеленик е на иницијатива произлезена од една посета на министерот Спасов, пред неколку месеци на Општина Македонска Каменица, а која денес  станува реалност.

Објектот во Македонска Каменица е лоциран непосредно до детската градинка и ќе ги користи услугите од истата кујна. Вкупната корисна површина е 342 метри квадратни. За неговата изградба ќе бидат инвестирани 10 милиони денари, обезбедени од Владата, општинскиот буџет и од Рудникот „САСА„. Капацитетот на центарот че биде за 60 до 80 лица.