среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 58

Деца со посебни потреби од Македонска Каменица на екскурзија во Крушево

Оваа екскурзија е традиционална и вакви екскурзии се организираат два пати годишни и се посетуваат дестинации по желба на децата.

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

Последни вести

Четириесет децата со посебни потреби од Македонска Каменица денеска се на еднодневна екскурзија во Крушево со што се реализира еден сегмент од програмата за грижа за лицата со пречки во развојот на Општина Македонска Каменица.

Како што информираше Розе Стоименова од Општина Македонска Каменица, оваа екскурзија е традиционална и вакви екскурзии се организираат два пати годишни и се посетуваат дестинации по желба на децата.
– Главната цел на овие екскурзии е да помогнеме во социјализацијата на овие деца, со дружење и со наше внимание да им покажеме дека не се сами во нивната секојдневна борба, да им покажеме дека не се различни од другите здрави деца. Нашата порака е дека хуманоста не познава граници, а и мало внимание за овие деца, може да ја измами нивната насмевка и да се почувствуваат сакани, рече Стоименова.
Во Македонска Каменица се евидентирани 60 лица со посебни потреби, а годишно по разни поводи, со поддршка на Општината и РОЦ Саса се делат хуманитарни пакети на нивните семејства. Инаку, во рударска Каменица интензивно се работи на изградба на дневниот центар со посебни потреби. Според најавите, дневниот центар треба да биде готов до крајот на август. Инвестицијата е вредна 10 милиони денари, а средствата се обебзедени од буџетот на Општина Македонска Каменица.

Најчитани вести