Свет

Деца, студенти и пензионери од земјите во ЕУ ќе се возат бесплатно со воз во Словачка

Деца, студенти и пензионери од земјите во ЕУ ќе се возат бесплатно со воз во Словачка

Бесплатното патување со воз во Словачка, кое за децата, студентите и пензионерите го воведува левичарската Влада на премиерот Роберт Фицо, ќе може да го користат граѓаните на сите земји на ЕУ од овие категории, јави дописникот на МИА од Прага, објави МИА.

Оваа привилегија, од 17 ноември ќе може да ја користат децата под 15 години, редовните студенти, пензионерите над 62 години, како и лицата кои користат инвалидска пензија или пензија за сираци.

Според проценката, оваа предност ќе може да ја користи речиси половина од населението во петмилионската Словачка.