Македонија

Децата без родители побараа Заев да не ги злоупотребува за политички цели

Децата без родители побараа Заев да не ги злоупотребува за политички цели

Зоран Заев да не си игра со чувствата на децата без родители и да не се обидува преку нив политички да поентира, регираат штитениците од домовите.

Манипулирајќи со децата без родители и родителска грижа, СДСМ и Заев се обидоа да ги внесат во политичка битка и од тоа да прават поени. Лидерот на опозицијата, според нив, никогаш претходно не ги споменувал, ниту се грижел за децата од оваа категорија. Токму тие се згрозени од говорот на Заев во Универзалната сала и потврдуваат дека биле злоупотребени.

Згрозеност од обидот за вовлекување на децата без родители и родителска грижа во дневно политичка пресметка, и од нив да се градат било какви политички поени изразија од здружението „Градиме иднина“.

-Одговорно тврдам дека како здружение кое е секојдневно со децата без родители дека истите никогаш не биле вклучени во било какви нерегуларни изборни процеси, како што беше прикажано од страна на СДСМ. Тие сакаат да ги градат поените врз судбините на овие деца и тоа е за секој осуда. Таа манипулација е нечовечна, неморална и неетичка. Децата без родители се луѓе со чест и чист образ, не ја валкајте нивната чест. Здружението „Градиме иднина“ и јас како негов претседател како досега така и во иднина ќе се бориме за правата на децата без родители, истакна претседателот на Здружението Илија Јовановиќ.

И дел од останатите деца без родители и родителска грижа велат дека се чувствуваат навредено по изјава на Зоран Заев. Велат, нека му служи на чест, притоа додавајќи дека единствена помош како деца со ваков статус добиле од сегашната власт.

Многу е лошо тоа што го кажува Заев, јас верувам и сите деца со таков статус се чувствуваат навредено. Срамота е ова што го прават. Јас од 1999 година кога наполнив 18 години сум дете со навршено полнолетство без родители и родителска грижа, а досега само оваа владејачка гарнитура и сегашниот премиер ја има разгледано целата ситуација и одговорно тврдам дека само тој ни има дадено шанса, по завршувањето на факултетот аплицирав секаде каде што е можно, не само за вработување туку и за волонтирање, но никаде не ме примија. Факултетот го завршив со висок просек и пак не можев да се вработам, па бев принуден да работам и надвор од државата, практично низ целиот свет. Сегашната Влада и министерот за труд и социјална политика на сите деца без родители кои навршиле 18 години ќе им доделат еднократна помош од околу 3.000 евра. Ова не смее да биде заборавено, рече во изјава за Курир Драган Костовски, кој има статус на дете без родител и родителска грижа.

-Од она што синоќа го слушнав од Универзалната сала, можам само да кажам нека му служи на чест. Од оваа Влада која има направено многу за децата без родители, тие не биле злоупотребувани туку подпомагани. Добиваме станови, работа, школување, а за тоа што Заев го кажа немам коментари, нека му служи на чест, вели во изјава за Курир, Оливер Ташковски, кој има статус на дете без родител и родителска грижа.

Момче кое е дете без родител вечерта по говорот на Заев со искрен статус на социјалната мрежа Фејсбук му упати порака на Заев.

fb-status-500