Децата од Детското СОС село добија новогодишни пакетчиња од градоначалникот Трајановски

Традиционално како и секоја година Град Скопје покренува акции со кои помага на Детското СОС село.

Оваа година градот помогна со комплетно варосување на внатрешната страна на една од куќичките во кои што живеат дечињата, во површина од 450 метри2.

-Ние поразговаравме со дечињата. Им дадовме поклони и пакетчиња за Нова година и им посакавме новата година да им биде среќна. Тоа се добри ученици, а не информираа дека и покрај тоа што одат на редовна настава тие имаат и вон наставни активности. Мене ми е драго што децата комплетно се изградуваат како личности, истакна Трајановски.

SOS2

Градоначалникот подвлече дека и понатаму ќе продолжат да му помагаат на Детското СОС село.

-Донацијата што ја дава Град Скопје и градоначалникот Коце Трајановски е континуирана. Таа датира уште од порано, кога тој беше градоначалник на Гази Баба. Поддршката е севкупна, од донација а предмети и добра, а оваа година е во молерисување на една куќа каде што живеат 6 дечиња на возраст од 5-14 години, подвлече директорката Детското СОС село Виолета Геогиевска.

Во мометов во Детското СОС село живее 61 дете.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.