Децата од домот „11 Октомври“ добија книги од „Матица“ и од „ДИС Архивирај“

Децата од домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“, на Саемот на кнга, добија за подарок книги од „ДИС Архивирај“ и од „Клуб Матица“.

„Многу ме радуваат вакви настани, каде што иницијаторите на дружбата со децата покажуваат интерес да направат нешто што навистина им значи на дечињата, а тоа е самото излегување и дружење со луѓе надвор од домот, како и посета на една културна манифестација каква што е Саемот на книга. Навистина сме благодарни на ДИС Архивирај и Клуб Матица за книгите кои децата ги добија на подарок. Книгите се уникатно богатство, кое на децата им е потребно во голема количина за да пораснат во здрави и самосвесни луѓе”, изјави Директорката на Домот за деца без родителска грижа, Ристенка Атанасовска.

Книгата од областа на претприемништвото, лидерството, носењето одлуки и емоциите при работењето, книгата „Семејни бизниси” на м-р Маја Пехчевска беше главниот наслов на  штандот на „Матица“. Авторката со задоволство потпишуваше примероци за заинтересираните читатели, кои имаа можност покрај потпишана книга, дома да си заминат со дополнителни информации и искуства од струката

Клуб Матица продолжува со активностите за време на Саемот на книга. Покрај саемските цени на делата, во времетраењето на истиот се предвидени повеќе дружења со авторите чии дела се во издаваштво на Матица, како и дополнителни изненадувања за сите љубители на пишаниот збор.