Македонија

Децата од Гевгелија и Струга добија новогодишни пакетчиња од ЕВН и Црвен крст

Децата од Гевгелија и Струга добија новогодишни пакетчиња од ЕВН и Црвен крст

ЕВН Македонија и Црвениот крст денес продожија со хуманитарната акција „Да споделиме радост“, со цел да се споделат среќни моменти за претстојните празници. Денеска се поделени новогодишни пакетчиња (ранци и чоколади) за 100 деца со пречки во развојот од Невладината организација „Порака Нова“ од Струга, на учениците од специјалната паралелка од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Струга и од „Центарот за социјални работи„ во Гевгелија.

Новогодишната хуманитарна акција „Да споделиме радост” опфаќа над 700 деца од Македонија на кои ќе им биде организирана прослава и ќе им бидат поделени новогодишни пакетчиња.

photo02

Децата од социјално загрозените категории, децата со пречки во развојот и инвалидитет, штитеници на домови за грижа на деца, згрижувачки центри за деца од улица и други ранливи категории од 7 градови низ земјава од 12-ти до 26-ти декември 2014 година имаат можност да уживаат во новогодишни претстави, фотографирања со Дедо Мраз и новогодишни подароци.

Хуманитарната акција на ЕВН Македонија и Црвениот крст ќе трае до 26 декември, почна во Скопје, а ќе продолжи во Штип, Кочани, Кичево, Струмица и други градови низ земјава.