Децата од градинката „Пиколини“ и Дамјан Стојановски донираа за децата од Домот во Битола

Децата од градинката „Пиколини“ спортуваа и донираа со Дамјан Стојановски. За секој кош, донирано е парче облека за доенчињата и малите деца од Домот во Битола.

На огромно задоволство на сите, гостин во градинката беше нивниот херој Дамјан Стојановски, кој имаше улога не само да измами широки насмевки на лицата на дечињата, туку и да ги внесе дополнително во магијата на спортот и кошарката и на симпатичен начин да им ги покаже првите кошаркарски чекорчиња, првите тапкања со топката, првите кошови и затресувања на мрежичката.

За да биде предизвикот поголем и мисијата поуспешна, за секој даден кош со помош на Дамјан, дечињата донираа по парче облека наменето за Домот за доенчиња и мали деца во Битола.

IMG_5207